Долгорочно вработување во Германија
Ако имате македонски пасош и сакате да се вработите во Германија тогаш првиот чекор што треба да го направите е да добиете термин за виза.
Регистрација на термин
За доделување на термин за виза согласно § 26 став 2 Одредба за вработување („Регулатива за Западен Балкан“) германската амбасада еднаш месечно организира лотарија која се одржува во Министерството за надворешни работи во Берлин.
Секогаш на почетокот на месецот се отвора нова листа за регистрација на
термини за поднесување на барање за виза. Листата е отворена за
регистрации за одреден временски период (во просек околу 2 недели), а по
завршувањето на лотаријата добитниците на термини добиваат известување
на меил. Исклучена е можноста за повеќекратни регистрации. Не постои
можност отпосле да се променат податоците што се наведени при
регистрацијата. Не е дозволено терминот да се пренесе на друго лице.
Амбасадата препорачува да се аплицира лично. Трети лица или агенции не
добиваат предност во добивање термин. Аплицирајте секој месец, се додека
не добиете термин за виза.
Македонски државјани, кои ќе поднесат барање за виза, не смеат во
рамките на последните 24 месеци пред поднесување на барањето да имаат
користено услуги според Закон за користење услуги на баратели на азил.
Работни позиции
Добивте термин за виза?
Тогаш сте на вистинското место! Аплицирајте за една од многуте отворени работни позиции во сферата на медицината, гастрономијата, логистиката, чистење на различни објекти, достава на пакети и сл.