Skip to content

 

Основни информации

Во кој случај ви е потребна дозвола за студентска работа од Бирото за вработување на Германија (ZAV)?

Доколку сте државјанин на ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд или Швајцарија не ви е потребна потврда од бирото за вработување.
Доколку сте студент и доаѓате надвор од гореспоменатите земји, вам ви е потребна т.н. дозвола за студентска работа којашто ја издава бирото за вработување со која се потврдува дека смеете да работите во Германија во период од мах 90 дена. Овде спаѓаат и студентите од Македонија. Дури кога оваа дозвола ќе ја имате во оригинал, може да се започне со извршување на студентската работа. На студентите од Македонија кои што ќе работат во Германија максимум 90 дена не им треба виза.


Кој може да аплицира за студентска програма во Германија?

Сите редовни студенти на сите акредитирани факултети во Македонија.


Времетраење на програмата?

Максимум 90 дена за време на официјалниот распуст на факултетот.


Кои услови треба да ги исполнувам за да можам да аплицирам за летна студентска работа во Германија?

Предност имаат студентите што зборуваат германски јазик на комуникативно ниво и имаат соодветно работно искуство. Студентите треба да се подготвени на студентска работа минимум 2 месеци. Колку подолго стоите на располагање на вашиот работодавач и за колку повеќе работни позиции аплицирате ги зголемувате вашите шанси за добивање подобра работна понуда.

Исто така треба да бидете флексибилни и подготвени за работа на целата територија на Германија.

Посебни желби за локацијата за жал не можат да бидат земени во предвид. Исто така не е возможно да бидете предложени само на еден работодавач.
Доколку во апликацијата наведете дека имате возачка дозвола, тогаш од вас очекуваме да имате искуство. Во тој случај доставете ни копија од возачката за документите да бидат комплетни.


Каде можам да аплицирам за студентска работа во Германија?

На нашата веб-страна со пополнување на апликацијата.


До кога е рокот за аплицирање?

Рокот за аплицирање може да го дознаете доколку ни се обратите.


Какви работни понуди се нудат најчесто?

Најчесто работните понуди се во секторот на хотелиерството и гастрономијата. Овде можете да работите во сервис, во кујна, чистење соби во хотели, чистење други објекти. Работно искуство во овие сектори е од предност, исто така и нивото на зборување германски јазик.


Какви се условите за работа?

Работењето во Германија за време на распустот од факултетот ви дава шанса да заработите пари за понатамошното студирање.

Сите работни понуди се на полно работно време, 40 часа неделно. Бидете подготвени и на тоа да работите за време на викендот, а слободен ден да имате во текот на неделата (не секогаш, но во голем број случаеви). Информирајте се кај вашиот работодавач далитреба да понесете работна униформа.

Работодавачот очекува од вас работните задачи да ги извршувате посветено и одговорно.
Слободното време може да го користите за запознавање на градот во којшто престојувате, запознавање на германската култура и дружење со студенти од целиот свет.
Ако случајно имате проблеми со работата, обратете се директно на вашиот работодавач и зборувајте со него. Доколку сепак не успеете да го решите проблемот со работодавачот тогаш обратете се до германското биро за вработување. Тие ќе ви помогнат во решавање на проблемот и ќе разговараат со работодавачот.

Совет: Понудата за работа која што ја добивте не е договор за работа. Препорачливо е пред вашето заминување за Германија, најкасно веднаш по вашето пристигнување во Германија, пред да почнете со работа, да склучите и потпишете договор за работа со вашиот работодавач. Во договорот треба да бидат дефинирани сите важни работи како работно време, плата, период на работен однос (времетраење на договорот).

Ако не ги исполнувате договорените критериуми за работа може да добиете отказ. Исто така и вие можете да дадете отказ доколку работодавачот не го почитува договорот.
Основни информации за вработување (работно време, плата) може да добиете во
Министерството за работа и социјала на следниот телефонски број: +49 30 221 911 004.


Сместување?

Повеќето работодавци нудат сместување и трошоците за истотото ќе би бидат минусирани од платата. Во повеќето случаеви делите соба или стан со други студенти. Ако вашиот работодавач не нуди сместување, ќе ви помогне во барање на истото.


Плата?

Платата и условите за работа се регулирани спрема тарифата во зависност од регионот во Германија во кој што работите. Странските студенти не смеат да заработуваат помалку за иста работа од германските.
Во Германија има минимална регулирана со закон плата којашто се зголемува на одредени временски интервали. Работодавачот е обврзан да ве плаќа најмалку со минималната плата регулирана за студенти. Од јануари 2024 година минимална плата за еден час за студенти во Германија е 12,41 €.

Повеќе информации односно минимална плата ќе најдете на следната вебстрана
http://www.der-mindestlohn-wirkt.de/.

Бидејќи најчесто платата се исплаќа на крајот на месецот или на почетокот на следниот месец морате првата кирија и трошоците за живот за првиот месец да ги сносите сами.
Дополнително, за да може да ви биде исплатена последната плата мора да имате банкарска сметка во Македонија. Затоа погрижете се на вашиот работодавач да му дадете точни податоци.
Нето износот на платата што ќе го добиете не соответствува со бруто износот, во кој што ќе бидат искажани платите.


На што треба да обрнам внимание пред пристугнувањето во Германија?

Задолжително треба да имате здравствено осигурување коешто ќе ги покрие лекарските трошоци во случај на интервенција за време на вашиот престој во Германија.
Вашиот работодавач ќе ја побара од вас потврдата за редовен студент.


Дали треба да го пријавам мојот престој во некоја институција во Германија?

За луѓето кои живеат во странство и не се регистрирани во Германија постои обврска според Федералниот закон за регистрација да се регистрираат само доколку престојот трае подолго од три месеци. Следствено на тоа студентите немаат обврска да се регистрираат во ниту една институција во Германија.


Какви трошоци ќе имам?

Трошоците за патувањето се ваша обврска. Првата кирија обично се плаќа при самото вселување. Може да биде побаран и капар. Во повеќето случаи работодавачот ќе ви обезбеди сместување, за кое што ќе ви биде одземена одредена сума од платата, а ако не тогаш ќе се обиде да ви помогне во пронаоѓање на истото. Во определени области на пример во Гастрономијата ќе биде потребно да се изврши определен медицински преглед.
Вашиот работодавач ќе ве информира соодветно дали за вашата работна позиција ќе биде потребен некаков медицински преглед. Во некои случаеви трошоците морате да ги сносите сами.


Социјално осигурување и данок?

Доколку имате прашања на тема социјално осигурување и даночно право обратете се директно на вашиот работодавач.

Контакт информации од Бирото за вработување на Германија:
Zentrale Auslands- und Fachvermittlung
Team 231/232
Villemombler Str. 76
53123 Bonn
Tel.: +49 228/50208-2989

E-Mail:
ZAV.AMZ-Bonn-231@arbeitsagentur.de
ZAV.AMZ-Bonn-232@arbeitsagentur.de


Дополнителни информации

Доколку по завршувањето на вашите студии сте заинтересирани за работа во Германија, со задоволство ќе ве поддржиме и помогнеме во остварување на вашите цели.

Центарот за корисници на ZAV може да ве советува преку телефон или преку Меил за сите прашања на тема работа и живот во Германија.
+49 228 713-1313
E-Mail: make-it-in-germany@arbeitsagentur.de

Back To Top
mk_MK